Класичниот капут во црно е вечно парче кое се носи со децении и ќе продолжи да се носи и во наредните децении.
Тоа е универзално парче кое е непогрешлив избор, без разлика на пригодата или ерата, а воедно е и безвременски тренд и за свечени прилики и за одење на работа.
Сепак, иако е боја која оди со се, постојат начини на кои можете да ја комбинирате за да одговара на актуелната сезона, односно модните трендови.
Можеме да го стилизираме што е можно помодерно, па многу луѓе не ни забележуваат дека тоа е палто што сте го купиле, да речеме, пред десет години. Тоа е неговиот шарм!
View this post on Instagram
Денеска се нудат многу различни модели, од предимензионирани до шик парчиња со различни детали во најразлични бои. Во секој случај, тоа е парче кое гарантира елеганција, па можете да го носите речиси со се и да експериментирате со остатокот од стајлингот.
Се носеше во многу различни стилови на модната недела во Париз, а ова се неколку идеи за да одговараат на новите трендови.
Контраст со бело
Црното палто со бело здолниште и, да речеме, црна ролка или блуза е совршено контрастна комбинација, придружена со чизми над колена. Белата боја не мора да биде здолниште, туку и некое друго парче, ролка или џемпер, а остатокот од стајлингот врзете го за црната боја… И нема да погрешите!
View this post on Instagram
Бургунди и маслинка
Софистицирано и шик! Понесете бордо фустан со црн капут или ролка и панталони во маслинесто зелена боја; тоа се зимски бои, а со нивно комбинирање ќе добиете топол стајлинг во боите на сезоната, кои лесно се вклопуваат и ја прават вистинската комбинација.
Метални детали
Ова е комбинација која и се допаѓа на Оливија Палермо. Значи, металик здолниште, блуза или топ во nude боја, чизми и црн капут… Се е и класично и елегантно и максимално тренди!