Кога е вистинското време за пиење кафе? Еве што велат експертите

popara28 ноември, 20231min00
Вистинско време за пиење кафе

Кафето најдобро се пие 90 минути по станувањето,тврди истражувањето.
За многумина денот започнува дури откако ќе ја испијат првата утринска шолја кафе.Факт е дека многумина од нас не можат да создадат смислена реченица без првата голтка кафе,па затоа неговото подготвување е првото нешто што го правиме откако ќе станеме од кревет.

Сепак,се чини дека постои уште подобро време од денот доколку сакаме да извлечеме најмногу енергија од нашиот омилен пијалок.Имено,новото истражување покажало дека најдобро е да пиете кафе околу 90 минути по будењето!

Kada je pravo vreme da pijete kafu? Evo šta kažu stručnjaci

Покрај тоа што пиењето кафе е момент на поврзување со себе, од него очекуваме и излив на енергија која ќе ни помогне да влеземе во денот подготвени за сите предизвици.

Сепак,докажано е дека и до 45 минути по станувањето,нивото на кортизол,хормонот на стрес,во нашето тело е доволно висок за да можеме да го „преживееме“ овој период без кофеин.

Интересно е тоа што ако пиете кафе во тоа време,постои голема веројатност дека со текот на времето ќе станете отпорни на ефектите на кофеинот и дека ќе имате помала корист од неговите благодети во текот на денот.

Ако станете во 6:30,идеално време за подготовка на кафе е во 8!

На тој начин,максимално ќе ја искористите вашата доза на кофеин,која доаѓа со голем број на придобивки како што се:

-подобрена концентрација
-посилно чувство на будност
-поголема јасност и побрзи реакции
-подобрена физичка издржливост
-подобра меморија
-добро расположение

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma