Емили Ратајковски откри како го преболела разводот: „Сакав семејство после породувањето, но разводот може да биде и кул“

popara28 ноември, 20231min00
emili-ratajkovski-2-830x0 (1)

Манекенката Емили Ратајковски се разведе од Себастијан Бур Меклард во 2022 година, а сега зборува зошто никој не треба да биде тажен по разводот и како го преболела.

Во интервју за австралискиот „Вог“ таа изјави дека одбива да го гледа разводот како нејзин неуспех. Смета дека нема опасност во „романтизирање“ на разводот.

– Кога ќе размислите колку е табу разводот, треба да кажете: „Не, не е лошо, всушност, можеби е кул“ – вели Емили.

– Дури и самото споделување на моето искуство со развод беше малку катарзично, но и убаво бидејќи не сакам сите да мислат дека сум некаква совршена личност – признала манекенката.

Иако беше отворена на оваа тема, сепак не сакаше да открие што го предизвикало нејзиниот развод.

Претходно, таа вешто го избегнуваше тој одговор со изјавата дека сака да се фокусира на воспитувањето на синот.

Но, само затоа што смета дека разводот не е лоша работа, не се срамела да признае дека сепак тешко ѝ паднало.

– Штотуку родив дете, многу сакав да имам семејство, ми беше многу тешко да заминам – изјавила Емили.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag