Пробајте брз рецепт за крцкава пилешка салата со сусам и кикирики, која ја обожаваат и најпребирливите!
За време на празничната сезона,кремастите салати се омилен дел од мезето за многу луѓе,заедно со кнедли,солени колачи и разни додатоци.Имаме предлог за еден таков рецепт,кој е толку вкусен што можете да го послужите како дел од трпезата,но и да го јадете за појадок,ручек,вечера.
Комбинацијата на вкусови дава неверојатна сладост и арома,па нема сомнеж дека ќе уживате во правењето на оваа салата.
Плус е неверојатно лесна за правење,а најмногу што треба да направите е да почекате додека пилешкото да се свари!
Состојки
250 гр пилешко филе
100 гр печени кикирики
2 лажици сусам
4 кисели краставички
350 гр грчки јогурт
1 кафена лажичка сенф
сол, бибер (по вкус)
Подготовка
Пилешкото сварете го, па измелете го во блендер или сецко.
Исечкајте ги и кикириките.
Краставиците исечкајте ги и измешајте ги сите состојки.
Пропржете го сусамот, па посипете го врз салатата.