Пет малку познати симптоми од недостаток на витамин Б12,од кои еден е анемија

popara29 ноември, 20231min00
Витамин Б12

Витаминот Б12 е вклучен во многу процеси во телото,вклучително и синтеза на ДНК,формирање на црвени крвни зрнца и изолациона обвивка која им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем.

Доколку сте доживеале некој од долунаведените симптоми на недостаток на витамин Б12,обратете се кај вашиот лекар,пишува Klix.ba.

Недостатокот на Б12 може да предизвика анемија и симптоми како што се замор,мускулна слабост,вртоглавица или зашеметеност.Сепак,помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми.

Според една статија објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ) оваа година,има пет проблеми забележани кај 85 проценти од пациентите со недостаток на Б12: проблеми со меморијата,когнитивни тешкотии,афазија,проблеми со учењето и главоболки (мигрени).

„Анемија е присутна кај помалку од 20 проценти од луѓето со недостаток на витамин Б12.Невролошките проблеми,кои се многу почести, може да потраат со месеци,па дури и години за целосно да се решат“,се наведува во написот.

За луѓето кои немаат сериозен дефицит на витамин Б12 и невролошки симптоми,витаминот Б12 може да се дава орално во доза од 1000 до 2000 μg еднаш дневно.Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло.Количината на витамин Б12 во храната зависи од видот на храната и земјата на производство.

Во повеќето случаи,ситуацијата ќе се подобри кога ќе ја збогатите исхраната со месо,риба,сирење,путер,јајца и храна збогатена со витамин Б12.Меѓутоа,ако недостатокот е потежок,можеби ќе треба да земате дневни додатоци или дури и да примате инјекции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag