Ги разнежни фановите со нејзината објава: Џулија Робертс сподели ретка фотографија со близнаците

popara29 ноември, 20234min00
o_31385569_1280

Американската актерка Џулија Робертс допре до срцето на многу следбеници со својата најнова објава на Инстаграм. 56-годишната оскаровка сподели преслатка фотографија од минатото на која држи близнаци – ќерката Хејзел и синот Финеус.

Иако актерката ретко објавува фотографии од семејниот живот на социјалните мрежи, овој пат тоа го направи за да го одбележи нивниот 19-ти роденден. „19, немам зборови за сета радост, забава и целата гужва на нашиот заеднички живот“, напиша таа во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Близнаците ги доби во брак со својот сопруг, режисерот Дени Модер, со кој пред неколку дена прослави 21 година брак. Покрај Хејзел и Финеус, двојката го има и 16-годишниот син Хенри, за кого не се знае многу. Имено, Џулија е една од оние познати личности кои својот приватен живот го крие далеку од очите на јавноста.

Брачната двојка се запозна на снимањето на филмот „Мексиканец“ во 2000 година. Многу луѓе од самиот почеток тврдеа дека нивната врска нема да трае, а Џулија ја нарекуваа и уништувач на бракови. Имено, кога се запознале, Дени бил во врска со Вера Стајмберг, шминкерка и експерт за шминка.

Во една прилика, зборувајќи со Опра Винфри за почетокот на нивната врска и гласините за уништување на бракот, Робертс изјави дека е свесна дека отсекогаш била лесна мета.

image

„Лесно е да се впери прстот кон мене и да се каже дека таа го направила тоа. Свесна сум за тоа и не им се лутам на луѓето… Но, едноставно не е така“, објасни таа и додаде дека Дени сам си го средил животот, а таа го направила истото.

Двојката се венчала на нејзиниот ранч во Таос, Ново Мексико, на 4 јули 2002 година, а како што тогаш било напишано, сите подготовки биле направени во најголема тајност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag