Ноќна кашлица: Зошто се влошува кога ќе легнете во кревет и како да ја ублажите

popara30 ноември, 20231min00
69406_zena-shutterstock-166333550_f

Одморот е еден од најважните начини на кои телото се бори против инфекциите, но според едно истражување, половина од сите испитаници спиеле помалку од седум часа на ден за време на благи или тешки симптоми на инфекција. Зошто кашлицата се влошува ноќе?

Постојат голем број на причини

Една од причините е гравитацијата. “Кога ќе легнете, слузта автоматски се акумулира. За да се ослободите од неа, спијте на подигната перница. Така ќе спречите таложење на слуз во задниот дел на грлото”, советува докторот Мичел Блас за “Секојдневно здравје”.

Некои луѓе повеќе кашлаат ноќе поради рефлукс на киселина. Кога ќе легнете, киселината од желудникот лесно може да навлезе во дишните патишта, што може да предизвика кашлање. За да го спречите тоа, не треба да јадете два часа пред спиење, а избегнувајте храна која предизвикува рефлукс – чоколадо, кафе, зачинета и мрсна храна, полномасни млечни производи и вино.

Кашлицата е посилна навечер поради сувиот воздух кој може да ги иритира носот и грлото. За да го избегнете ова, користете овлажнител за воздух кој ќе ја врати влагата и на тој начин ќе го олесни дишењето.

Како да се контролира ноќната кашлица

* Пастилите за кашлица можат да ја ублажат сувата кашлица (онаа што не произведува слуз) и да го смират грлото.

* Пијте многу течности во текот на ноќта бидејќи тие помагаат да се разреди слузта во грлото, додека топлите течности, како чаевите, имаат благотворно дејство.

* Додадете мед во чајoт или едноставно изедете една или две лажички мед за да го намалите кашлањето.

* Лековите за кашлица обично содржат антихистамин кој ќе ве натера да се чувствувате поспани. Тие исто така го сушат носот и помагаат да се запре кашлањето. Но, некои антихистаминици може да предизвикаат несакани ефекти кај луѓето над 65 години, како што се сува уста, конфузија, задржување на урина.

Кога да одите на лекар

Ако кашлицата трае подолго од една недела, треба да посетите лекар. Според клиниката Мајо, долготрајната (хронична) кашлица може да биде резултат на други медицински состојби, како што се алергии, рефлуксна болест, астма, опструктивна белодробна болест или хроничен синузитис. Причината може да биде и хроничен бронхитис, затоа побарајте лекарска помош доколку вашата кашлица не престане.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag