Во моментите на страст,некои молчат,а некои кажуваат секакви работи,но навистина треба да зборувате додека водите љубов.
Лајф тренерот Самер Енгман открива три работи за кои треба да зборувате за време на сексот,а не вклучуваjќи валкани разговори.Енгман во својата колумна пишува за поврзаноста меѓу партнерите која се создава преку квалитетна сексуална врска во која не се работи само за хемија,туку и за наклонетост,доверба и трпение.Тоа треба да се каже под чаршафите, како што пишува Elephant Journal.
„Чувствувам“: Повеќето луѓе не разбираат дека тајниот бонус во сексот лежи во тоа што му кажуваме на партнерот како се чувствуваме,односно зборуваме за нашите чувства,за тоа што не прави среќни,а што нè тагува.Кога го правиме ова,ќе бидеме поинтимни и затоа повеќе поврзани со партнерот, што е одлична основа за добар и страстен секс.
„Сакам“: Кристално е јасно дека не сите сакаме да имаме секс на ист начин,ниту пак нè поттикнуваат исти работи.Исто така,знаеме дека не постои универзална техника или тајна што ќе не направи неверојатни љубовници.Докажана техника за усовршување на техниката е да се зборува за неа.Да му кажеме на партнерот што ни се допаѓа,а што не,а не помалку важно е- да слушаме што има да каже за тоа.
„Кога ќе заврши, ќе заврши“:Ако продолжите да водите љубов откако ќе ја достигнете кулминацијата,тоа би можело да го наречеме „прејадување“ во однос на сексот.Ако застанеме моментот откако сме сити,ќе се чувствуваме исполнети и полни со енергија,додека прејадувањето ќе не доведе до надуеност и умор, или ако зборуваме за секс – до ситост. Исто така, ќе бидеме на различна бранова должина од партнерот и ќе се чувствуваме осамено.Затоа,кога ќе завршите,ќе завршите и кажете му го тоа на партнерот,советува Енгман.