Кое место во куќата е најпопуларно за водење љубов? Ако мислевте дека е само дневната – се излажавте

popara2 декември, 20231min00
330260_sekszagrljajshutterstock-666286735_ff

Кога станува збор за водењето љубов, има многу сомнежи и предрасуди со кои се соочуваат и оние парови кои се во врска и брак со години, но и оние кои штотуку започнале врска.

Терапевтите кои се занимаваат со сексуалните активности и навики на паровите велат дека водењето љубов не треба и не мора секогаш да се прави во четири ѕида, во спалната соба.

Еве што велат, каде е највозбудливо да се води љубов.

Повеќето сексуални терапевти ќе нагласат дека идеалното место за секс во куќата е релативен термин, секој има свое мислење, бидејќи покрај спалната има и други простории во кои луѓето се спонтано интимни. Помладите генерации имаат омилена соба во која најмногу се релаксираат.

Најдоброто место за секс

Истражувањето спроведено од Skin Condoms покажа дека 78 отсто од луѓето на возраст од 18 до 34 години имаат интимни односи во дневната соба. Софата која е централното место на нивниот престој е супер практична и за интимни игри. Спонтаноста доаѓа со гледањето на вашата омилена серија или филм заедно.

Други места за интимност се тушот (74 проценти), потоа автомобилот, некаде на отворено и плажата, пишува Woman’s Health.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma