Холивудскиот актер и продуцент Мајкл Б. Џордан удрил со својот автомобил во Холивуд во саботата вечерта, дознава The Hollywood Reporter.
Ѕвездата на Creed 3, наводно, удрила со своето сино Ферари во друго паркирано возило. Извор близок до Џордан вели дека актерот е добро и неповреден по сообраќајната несреќа и превентивно го прескокнал настанот на кој требало да присуствува во неделата вечерта.
Џордан, всушност, требаше да се појави на гала вечерата на третиот годишен хуманитарен настан во филмскиот музеј, каде Кристофер Нолан требаше да му ја врачи наградата „Vantage“. На крајот наградата во негово име ја прими неговата сестра Џамила. Тој требаше да оди на црвениот тепих заедно со други познати личности од Холивуд како Мерил Стрип, Опра Винфри и Софија Копола.
Никој друг не учествувал во несреќата и нема повредени. Претставниците на полицијата во Лос Анџелес не биле достапни за коментар по судирот, пишува The Hollywood Reporter.
Џордан го режираше Creed III, третиот дел од познатата спиноф франшиза Rocky, во неговото долгометражно деби за MGM. Во Creed III, по повлекувањето од боксот како светски шампион, Крид е фокусиран на своето семејство и подигање на следната генерација боксерски шампиони. Ова го вклучува Демијан (Џонатан Мејџорс), пријател од детството и поранешен боксерски талент, кој повторно се појавува по отслужувањето на затворската казна, а поранешните пријатели се соочуваат во борбата на нивните животи.