Сите ја прашуваат дали користела „оземпик“ за слабеење: Опра Винфри никогаш не била послаба, „сега ме третираат поинаку, отколку кога имав 90 килограми“

popara6 декември, 20231min00
Screenshot_4

Опра Винфри беше една од најзабележителните гостинки на престижната гала манифестација Annual Academy Museum Gala во Лос Анџелес, и тоа не само поради нејзината впечатлива тоалета. Имено, познатата водителка покажа исклучително витка линија, и изгледа дека никогаш не била послаба.

 

 

 

 

Славната 69-годишна водителка избра да ја покаже својата нова фигура во виолетов тесен фустан со светки од Долче и Габана, а токму оваа креација ја истакна нејзината тенка половина.

 

Опра го заокружи модниот изглед со ефективен накит, а косата ја врза во високо опавче. Одамна не сме ја виделе во вакво гламурозно издание.

 

Пред неколку месеци таа ги коментираше шпекулациите дека го користела популарниот лек за дијабетес Оземпик, кој го користат многу познати личности за слабеење, но има многу опасни несакани ефекти. Таа истакна дека не го користела, бидејќи почувствувала потреба да ја дотера својата фигура на потешкиот начин – со откажување од неправилна исхрана и со вежбање.

 

Опра се осврна и на нејзината долгогодишна борба со килограмите и обидите да биде слаба за да ги исполни општествените стандарди.

 

КАКО ТАА ИЗГЛЕДА СЕГА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА 

 

„Ова е свет кој отсекогаш ги срами луѓето поради прекумерната тежина и сите ние кои сме биле во таква кожа знаеме дека луѓето ве третираат поинаку – тие едноставно го прават тоа“, рече водителката.

 

„А јас сум Опра Винфри и знам се што доаѓа со тоа и дека ме третираат поинаку ако имам 90 килограми повеќе во однос на тоа кога имам 90 килограми помалку. Постои стигма. Зарем не би требале сите да прифатиме билокакво тело во кое некој одлучил да биде. Тоа би требало да биде ваш избор“ – заклучи славната водителка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag