„Никој не знае колку време му преостанува“: Семејството на Брус Вилис е постојано со него, познатиот актер во сѐ потешка состојба

popara7 декември, 20231min00
Screenshot_6

Семејството на Брус Вилис (68) е покрај него додека тој се бори со деменција. Актерот ги поминува деновите со својата сопруга Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур и неговите пет деца.

 

 

 

 

„Кога на Брус му беше поставена дијагнозата, сите се собраа за неговите сеќавања на семејството да останат недопрени“, изјавил извор за „Us Weekly“.

 

„Сите се постојано тука. Ова искуство уште повеќе го зближило целото семејство. Никој не знае колку време му остана на Брус, па ги впиваат сите моменти со него“, додал изворот.

 

Изворот открил и дека „сѐ се врти околу Брус“ и дека имало „многу полоши денови отколку добри“ во иминатите неколку месеци. Друг извор додал дека актерот има „24-часовна нега и дека барем еден член од семејството секогаш е тука со него“. Вилис исто така поминува време со својата внука Луета која неговата ќерка Румер ја доби во април.

 

„Румер сака Луета да го познава Брус. Таа сака актерот да биде активно вклучен во животот на Луета. Тоа е многу посебна врска“, изјавил изворот.

 

Вилис ги има ќерките Румер (35), Скаут (32) и Талула (29) со Деми Мур со која беше во брак од 1987 до 2000 година.

 

Актерот исто така ги има и ќерките Мајабел (11) и Евелин (9) со Хеминг (45). Брус и манекенката се венчале во 2009 година и своите завети ги обновиле на 10-годишнината непосредно пред да биде откриено дека Вилис има сериозен здравствен проблем.

 

Да ве потсетиме, неговото семејство во март 2022 година објави дека на актерот му е дијагностицирана афазија и дека ќе се оддалечи од кариерата која толку многу му значела. Таа состојба може да влијае на говорот на личноста, вештините за размислување и способноста за пишување.

 

Потоа, во февруари семејството сподели дека неговата состојба се влошила со дијагноза деменција. Од тогаш семејството за секој празник е заедно за да уживаат во заедничките моменти.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma