Зошто на врвот од новогодишната елка ставаме ѕвезда?

popara12 декември, 20231min00
Screenshot_9

Китењето елка е христијански обичај кој потекнува уште од дамнешни времиња, но сигурно се прашувате зошто на врвот од елката најчесто стои ѕвезда.

 

 

 

Прочитајте ја оваа руска бајка и откријте го одговорот на таквата енигма.

 

Кога се родил Христос, ѕвездата на небото ги водела мудреците од Истокот, покажувајќи им го патот до пештерата во која се наоѓале Богородица и Христос. Над пештерата во која е Христос роден, растеле 3 дрва – бор, кедар и ела.

 

Дрвата биле осветлени од светлоста на Христовото раѓање, па посакале да му подарат нешто.

 

Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале иглички кои ширеле прекрасен мирис, борот ги испуштил најубавите шишарки, а елата горко заплакала, затоа што таа немала ниту мирисни масла во своите иглички, ниту шишарки.

 

Солзите на елата ги видела ѕвездата – водилка, па се сожалила.

 

Поради нејзината голема желба да му поклони нешто на Христос, ѕвездата не ѝ дозволила на елата да биде тажна таа ноќ.

 

Ѕвездата – водилка испратила малечка ѕвезда да се спушти на врвот од елата. Тогаш, таа засветкала со голема светлина и длабоко поклонувајќи се, ѕвездичката се спуштила токму пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.

 

Затоа денес на врвот од елката најчесто се става ѕвезда – како знак и искажување љубов кон Исус Христос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma