Манекенката е фотографирана во Њујорк во ултра кратки кожни пантолони
Емили Ратајковски е фотографирана пред една од најпознатите продавници за облека во Њујорк во атрактивно и секси издание.
Ратајковски носеше црни кожени шорцеви кои едвај ѝ допираа до врвот на бутовите. Сако од истиот материјал, во форма на кошула, но со кратки ракави и крој кој и го покажа голиот стомак. Во раката носеше мала црна чанта.
Таа во оваа комбинација го привлече вниманието на минувачите, особено што деновиве во Њујорк е многу студено.