Четири трикови кои ќе ви помогнат да го отстраните лошиот мирис од облеката

popara15 декември, 20231min00
Трикови кои ќе ви помогнат да го отстраните лошиот мирис од облеката

Мувлата има исклучително непријатен мирис и претставува опасност за нашето здравје. Се произведува од габи кои растат на влажни места, вклучително и фиоки за гардероба, кеси за облека.

Дали знаете како да го отстраните мирисот на мувла од облеката? Иако може да биде тешка задача, овие габи може да се победат.

1. Кујнска сол и лимон
Можеби најлесниот начин да ги отстраните дамките од мувла е со користење на она што е достапно во вашата кујна, пренесува HowStuffWorks.

Измешајте сок од лимон и сол за да направите густа паста. Втријте ја пастата во мувлосаните места на облеката. Брзо исушете ја облеката на директна сончева светлина. Ако дамката е сеуште таму, повторете сè. Повторете ја постапката додека не ја снема мувлата.

2. Вода и оцет
Водата и оцетот се уште еден лесен начин да се отстрани мувлата од облеката.Користете еднакви количини бел оцет и вода и натопете ја облеката за да ги отстраните дамките.

3. Боракс
Составен од натриум,кислород и вода,боракс е целосно природен минерал кој понекогаш се користи за борба против мувла.Измешајте два литри вода со две чаши боракс.Втријте го растворот во мувлосаните места на облеката.Потопете ја облеката во растворот додека не исчезнат дамките.Овој процес може да потрае неколку часа.Откако ќе ги отстраните дамките, добро исплакнете ја облеката и веднаш исушете ја.

4.Белило
Белилото исто така може да ги отстрани дамките од мувла,но имајте предвид дека треба да го користите умерено;ако се постапува безгрижно,грубите хемикалии во белилото може да ја уништат облеката.

За алишта што може да се пера, прво втријте мала количина детергент во прав на дамките од мувла.Ако материјалите за облека дозволуваат,исперете ја облеката во топла вода и додадете 1/2 чаша белило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma