Џеј Ло во празнична облека позира пред својата гламурозна елка:Латино дивата никогаш не изгледала толку младолико

popara15 декември, 20231min00
Џенифер Лопез

Дивата вчера на својот „Инстаграм“ откри како ја накитила елката и ја искористи приликата да покаже како го замислува идеалниот празничен изглед.Џеј Ло позираше пред новогодишна елка украсена со претежно златни детали – топчиња, пластични украси со цвеќиња,сијалици и шишарки.

Нејзината облека го следеше златниот доминантен тон.

Таа се одлучи за бела кошула,а долниот дел од аутфитот го украде шоуто.Долго бело балон здолниште со златни цветни детали не би било толку посебно да не беше ременот кој е целиот во циркони.Се чини правилото дека среброто и златото не се комбинираат не важи кај Џеј Ло.Носеше и златна нараквица и свечени сребрени обетки,а изгледот го комплетираше со металик златни потпетици.

Џенифер ја обликуваше косата во реп и носеше мека глам шминка,а многу нејзини обожаватели го пофалија нејзиниот изглед и празничните украси.Во исто време,латино ѕвездата на фотографиите изгледаше многу помладо.

Џеј Ло е позната по тоа што го сфаќа Божиќ многу сериозно,бидејќи изгледа дека секогаш има некоја тема на ум.Минатата година, актерката изгледаше неверојатно во облека на тема колибри.А декорацијата ја придружуваше темата,на која се одлучила бидејќи верува дека колибрите се гласници на љубовта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma