Погледнете го првиот трејлер за „Полицаецот од Беверли Хилс 4“

popara18 декември, 20231min00
policajac-sa-beverli-hilsa-4-830x0

Четвртото издание на филмот „Полицаец од Беверли Хилс“ ќе пристигне следната година, поточно летото 2024 година на Нетфликс. Се појави и првиот трејлер каде во главната улога го гледаме Еди Марфи. Очекувано, има многу акција.

„Детективот Аксел Фоли (Еди Марфи) се враќа во ритамот во Беверли Хилс. Откако животот на неговата ќерка е загрозен, таа (Тејлор Пејџ) и Фоли се здружуваат со новиот партнер (Џозеф Гордон-Левит) и старите пријатели Били Роузвуд (Џаџ Рајнхолд) и Џон Тагарт (Џон Ештон) да ја „засилат топлината“ и да го откријат заговорот“, се наведува во описот на филмот.

Филмот „Полицаецот од Беверли Хилс 4“ е продуциран од Џери Брукхајмер, Еди Марфи, Чад Оман, додека режисер е Марк Молој.

Погледнете го трејлерот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma