На длабочина од околу 4 км на дното на Атлантикот руските експерти откриле неколку многу богати наоѓалишта на драгоцени и ретки метали. Прогнозата е – преку 13 милиони тони.
Најголемото подводно наоѓалиште на злато и бакар се наоѓа во регионот на Средноатланскиот гребен. Понатамошните истражувања ги има одобрено Меѓународниот орган на ОН за морско дно.
Дозволата била наоходна земајќи во обзир дека станува збор за истражување на корисна руда на делницата на Светското море, кои не спаѓаат во ексклузивна економска зона на некоја држава.
Интересирањето за наслагите на минерали во Атлантикот се појавува пред повеќе од 20 години. Низ годините таму имаат работено руски научни експедиции, изведувани се истражувања на примероци на водата и тлото.
Заменик директорот на Институтот за геологија и минерални ресурси на Светското море, доктор на биолошко-минеролошки науки Георгиј Черкашов изјавува за Гласот на Русија дека податоците зборуваат за тоа дека оваа руда е многу богата со такви компоненти како што се бакар, цинк, олово, злато и останатите метали.
Нивната концентрација во рудите е многу поголема отколку на наоѓалиштата на континентот. Покрај тоа, тие лежат на површината на морското дно, затоа нема потреба да се симнуваат слоеви кои лежат на нив.
Без сомнение, не е се така едноставно. Како прво, сеуште претстои правење на опрема за експлоатација на рудата во локални услови. За сега ја нема не само во Русија, туку ниту ни во светот. Ќе биде потребно да се разработи еколошки програм и, секако, да се припремат стручњаци кои во текот на 15 години ќе пристапат на работа во океанот.