Го миете лицето наутро? Дерматолозите открија зошто тоа можеби и не е најдобра идеја

popara11 мај, 20241min00
1702906906-woman-6881935_1280-750x509 (1)

Повеќето од нас имаат рутина која ни помага да го започнеме денот. Можеби вашето вклучува правење кафе, вежбање или утринско туширање, но ако миењето на лицето е на вашата утринска листа на задачи, можеби ќе сакате да размислите повторно.

 

 

 

Best Life ги праша експертите: дерматолог, медицинска сестра и козметичар како се чувствуваат при миењето на лицето воопшто и дали е навистина потребно тоа да се прави наутро. Еве што кажаа.

 

Миењето на лицето може да ја исуши кожата

 

Експертите препорачуваат да го измиете лицето наутро, при што еден од нив дури и посочи дека тоа е „неопходно“, но сепак, меѓу нив имало разлики.

Ако имате сува кожа, некои експерти сугерираат дека може да го прескокнете миењето наутро, и покрај вообичаените препораки. Може само да го исплакнете лицето со ладна вода.

Иако дерматолозите често ја нагласуваат потребата од секојдневно миење на лицето, тоа не е потребно за секого, па дури и препорачано. Секогаш кога го миете лицето, ги отстранувате природните масла што ги произведува кожата.

Поради оваа причина, луѓето со сува или чувствителна кожа можат да имаат корист од избегнувањето на миењето наутро, вели дерматологот Дастин Портела.

Без разлика дали го миете лицето наутро или не, експертот Тејлор Воден советува дека тоа никогаш не треба да го правите под туш. „Топлата вода може да предизвика пукање на капиларите и сушење на кожата“, предупредува таа.

 

Поважно е да го миете лицето навечер

 

Дерматологот Портела препорачува доколку го миете лицето само еднаш дневно, тоа да биде пред спиење.

„Во повеќето случаи се препорачува вечерно чистење на лицето бидејќи преку ден сте изложени на нечистотија и загадување, особено во периодот од 16 до 18 часот“, забележува тој.

Медицинската сестра Џенифер Едвардс додава дека миењето на лицето навечер пред спиење ја отстранува шминката, вишокот маснотии, бактериите и загадувачите на околината кои можат да ги затнат порите. Затоа, чистењето на лицето пред спиење е особено важно.

 

Важно е навистина да се грижите за вашата кожа

 

Наместо да следите строги правила за тоа кога да го миете лицето, експертите предлагаат да ја прилагодите вашата рутина за нега на кожата на вашите сопствени потреби.

Доколку сте изложени на нечистотија на работа или спортувате, корисно е да имате марамче за чистење после денот на работа или вежбање за да отстраните дел од насобраната нечистотија и пот, особено ако не сте во можност да го измиете лицето во моментот, посочува Портела.

Ворден, која препорачува миење на лицето после вежбање и пред спиење, додава дека секогаш сака дополнително да го мие лицето по излегувањето од авионот.

 

Не користете топла вода

 

Има едно нешто за кое се согласуваат сите тројца експерти: Никогаш, буквално никогаш, не мијте го лицето со топла вода.

„Толата вода може значително да ја оштети бариерата на вашата кожа и да предизвика нејзино побрзо сушење. Се препорачува секогаш да користите млака вода и врвовите на прстите при миење на лицето. Топлата вода и грубите ткаенини можат да ја иритираат и да ја исушат кожата“, предупредува Едвардс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma