Навикнати сме да го гледаме американскиот актер Адам Сендлер во забавни и романтични филмови. Но, стриминг гигантот Нетфликс го претставува популарниот актер во еден поинаков проект, научно-фантастичниот филм „Spaceman“ во кој тој ја игра главната улога на астронаут. Во неодамна објавениот прв тизер за филмот, кој ќе биде достапен од 1 март 2024 година, се открива дека станува збор за средба меѓу астронаут и мистериозно вонземско суштество. Во филмот во режија на Јохан Ренк, гласот на вонземјанинот го дава актерот Пол Дано, а се обработува и на темата за високата цена која вселенските истражувачи ја плаќаат во приватниот живот. Имено, ликот на Сендлер, астронаутот Јакуб, „поминал шест месеци на осамена истражувачка мисија на работ на Сончевиот систем и сфаќа дека бракот што го оставил зад себе на Земјата можеби нема да го дочека кога ќе се врати“.
„Навистина сакав тој да глуми во филмот бидејќи сакав изведба што немаше никаква врска со Адам Сендлер што сите го знаеме“, изјави режисерот Јохан.
Астронаутот е вознемирен од прекинатата врска со неговата сопруга Ленка, која ја игра Кери Малиган. За да не ги измазнува брачните несогласувања, тој ја прифаќа помошта на мистериозното суштество Хануша, кое се крие во утробата на вселенскиот брод, пренесува The Verge. Споредните улоги во филмот, кој ќе пристигне на Нетфликс во март 2024 година, ги толкуваат големите актерски имиња Лена Олин, Изабела Роселини и познатиот индиски актер со холивудска адреса Кунал Најјар.