Секогаш ќе биде свежо и нема да ја промени бојата: Трик на познатите готвачи за ефикасно чување на АВОКАДО

popara22 декември, 20231min00
377753_shutterstock-1802556499_ff

Веројатно ви се случило да купите авокадо, да изедете половина, а другата половина да ја зачувате за подоцна, а кога ќе одлучите да го јадете остатокот, да ја промени бојата.

Иако поцрнетото авокадо е безбедно за јадење, горчливиот вкус секако не е нешто во кое ќе уживате.

Трејси Вајнтрауб, готвачка и основач на Gracefully Fed, го сподели своето знаење за ова овошје со Марта Стјуарт и објасни зошто ја менува бојата.

– Кога ќе дојде во контакт со воздухот, се случува хемиска реакција која произведува меланин – црн и кафеав пигмент – објаснува Трејси.

За да се спречи оваа реакција, Трејси препорачува да го премачкате авокадото со маслиново масло.

Како што вели таа – создава мрсна бариера помеѓу овошјето и воздухот, што спречува промена на бојата.

– Откако ќе го премачкате авокадото со маслиново масло, дополнителен совет е да го ставите авокадото во херметички сад. Ова ќе додаде слој на заштита“, рече Трејси.

Херметички затворен сад ќе помогне да се заштити авокадото од кислород, а студената температура на фрижидерот ќе помогне да се забави оксидацијата.

Трејси додаде дека без разлика на овие техники, авокадото може да остане свежо во фрижидер само до четири дена, пишува Express.