КОЕ Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ЗА ТУШИРАЊЕ?

popara8 декември, 20241min00
Screenshot_2

Ова е најдоброто време од денот за туширање ако сакате да спиете подобро

 

 

Идеално би било 20-минутно туширање со топла вода.

 

Најдобро време за туширање? Вечер. Можеби за многумина не е новост, но туширањето пред спиење промовира добар сон, потврдуваат научните истражувања.

 

Според јапонските истражувачи Sung EJ и Tochihara J, всушност, најдобро време од денот за туширање не е наутро, туку навечер, точно 90 минути пред да ползите под покривката.

 

Ова го потврдува истражувањето објавено во списанието „Journal of Physiological Anthropology and Applied Human Science“, кое го анализирало однесувањето на девет совршено здрави волонтери.

 

Испитаниците беа поделени во три групи во зависност од нивната активност пред спиење: топол туш или купка, топла бања за нозе и без третман со вода (контролна група), пренесува Novi list.

 

Квалитетот на спиењето на волонтерите бил откриен со тест кој ги проверува движењата на градите и стомакот, како и заситеноста на крвта со кислород. На овој начин се мерени и температурата на ректумот и кожата.

 

Така, се покажало дека групата која се туширала или се капела со топла вода и групата која ги капела нозете имале подобар квалитет на сон од другите. Тоа значи дека топлата вода овозможува подобар сон.

 

Според истражувањата, 20-минутниот топол туш или 90-минутното капење пред спиење би било идеално, што ќе ви овозможи да ја ребалансирате телесната температура, да го опуштите телото и да го поттикнете одморот.

 

Сепак, според истражувањата, важно е температурата во бањата да биде доволно топла за да се избегне топлотен шок.

 

Понатаму, дефинитивно треба да избегнувате да влегувате под покривката веднаш по туширањето, бидејќи прегревањето или уште полошо, потењето воопшто не ви помага да заспиете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag