Минатата година таа им порача на своите фанови дека ќе мора да ја одложи светската турнеја поради болест.
Една година откако објави дека боледува од синдром на вкочанета личност (СПС), болест која предизвикува неконтролирани грчеви и вкочанетост на мускулите, здравствената состојба на пејачката Селин Дион (55) од ден на ден се влошува.
– Таа веќе нема контрола над мускулите и не може да ги контролира движењата на телото. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Нашата мајка секогаш велеше дека ќе направи најдобро од сите нас, токму поради тој начин на живот. Вистина е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е што поскоро да се врати на сцената и да продолжи да го прави она што најдобро го знае – да пее заедно со публиката која ја обожава. Во каква состојба, навистина не знам, се надеваме на промена на подобро – изјави нејзината сестра Клодет Дион.
Најголема поддршка и се синовите
Минатата година Селин им кажа на фановите дека ќе мора да ја одложи светската турнеја поради болест. – За жал, грчевите влијаат на секој аспект од моето секојдневие и многу ми го отежнуваат одењето и чучнувањето, а не ми дозволуваат ниту да ги користам гласните жици и да пеам како што сум навикнат, бидејќи мускулите во тој дел исто така грчат и стегнати – изјавила пејачката за која велат дека го има еден од најубавите гласови на светот.