Славниот глумец од „Паразит“ изврши самоубиство по обвиненијата за користење дрога: На жената ѝ оставил проштална порака

popara28 декември, 20231min00
profimedia-0739225124-830x0

Ли Сун Kјун (48), најпознатиот корејски актер, глобално познат по улогата во филмот награден со Оскар „Паразит“, е пронајден мртов во автомобил во парк во Сеул.

Актерот бил пронајден во несвест, а до него имало брикети од јаглен. Како што пишува Дејли Мејл, познатиот актер се самоубил, а полиција повикала неговата сопруга откако пронашла проштална порака.

Полицијата ги истражуваше обвинувањата на засега непознати лица, дека актерот користел марихуана и кетамин, поради што Ли неколку пати бил испрашуван во полиција.

Ли бил испрашуван три пати во октомври, потоа на 4 ноември и на 23 декември, кога во 10 часот пристигнал во полициската станица каде што бил испрашуван во 19 часот.

Тој тврдел дека во ниту еден момент свесно не користел дрога и ги поминал сите токсиколошки тестови.

Актерот по првото полициско интервју ѝ се извини на јавноста за вмешаноста во ваква нечесна афера и вети дека ќе соработува во истрагата на чесен начин.

Тој навистина во еден момент рекол дека хостеса го измамила да се дрогира, а потоа се обидела да го уценува. Ли поднел тужба против жената, тврдејќи дека таа го уценувала и изнудила од него околу 270.000 долари, објави The Korea Herald.

Јужна Кореја, како и многу азиски земји, има исклучително строги закони против употребата на дрога. Оние кои продаваат или купуваат марихуана се соочуваат со најмалку една година затвор. Оние кои го користат може да бидат казнети до пет години затвор или парична казна до 37.600 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma