Блејк Лајвли им овозможи на обожавателите редок поглед на раскошниот дом во кој живее со сопругот Рајан Рејнолдс и децата.
Холивудската ѕвезда сподели фотографија со детали за нејзината спална соба, бања и ходник додека позира во блескав златен комбинезон што го носеше на ревијата на Мајкл Корс за време на модната недела во Њујорк.
View this post on Instagram
Блејк (36) позираше покрај ненаместен кревет во имот со рустикален изглед со дрво и греди кои доминираат во внатрешноста на нивниот дом.
Да потсетиме, ѕвездата на „Gossip Girl“ и актерот Рајан Рејнолдс имаат четири деца, Џејмс (8), Инес (6), Бети (3) и деветмесечно бебе чие име се уште не го откриваат.