Анџелина Џоли повторно вљубена? Еве кој е музичарот Акала со кој се почесто се дружи

popara3 јануари, 20241min00
o_31477717_1280

И додека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит неодамна ја прослави првата годишнина од врската со дизајнерката на накит Инес де Рамон, изгледа дека и Анџелина Џоли сврте нова страница. Откако славната актерка неколку пати беше видена во друштво на британскиот рапер Кингсли Џејмс Меклин Далеј, попознат како Акала, не требаше долго да кружат гласини дека тие двајца се во врска. Тој е 40-годишен музичар, писател и активист кој беше прогласен за најдобар хип-хоп изведувач на наградите МОБО во 2006 година.

Тоа е всушност годишна британска награда која се доделува за посебни достигнувања во таканаречената црна музика, вклучувајќи хип хоп, грим, UK Drill, R&B, соул, реге, џез, госпел и африканска музика. Покрај тоа, Акала е исто така именуван во годишната листа на моќ на 100-те највлијателни луѓе од африканско или африканско-карипско потекло во Обединетото Кралство.

image

Да потсетиме, Акала го привлече вниманието на јавноста откако неколку пати беше снимен во друштво на Анџелина, па неодамна беа видени во еден ресторан во Милано. По вечерата, наводно заедно отишле во хотелот, а холивудската актерка и раперот не биле за прв пат фотографирани заедно. Имено, во мај минатата година заедно отпатуваа за Јамајка.

Актерката се раздели од Пит во 2016 година, само две години по венчавката. Иако на самиот почеток не сакаше да зборува за причините за нивната разделба, во интервју за француската Мадам Фигаро безрезервно и многу емотивно откри детали за нејзината емотивна состојба. Таа призна дека болката е неподнослива.

image

Додека Бред се бакнува со нова девојка, Анџелина е среќна во друштво на нејзиниот син кој се повеќе личи на својот татко. „Разводот беше навистина комплициран. Кон крајот на врската со Бред, не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе… Станав помала, безначајна, иако тоа не го покажував“, изјавила Анџелина.

„Бев длабоко, навистина тажна, повредена, но од друга страна, интересно беше да се потопувам во понизност и чувство на безначајност. Сепак, ова е лекцијата што им ја пренесувам на моите деца, таа обновувачка енергија која може да ни донесе и среќа. Морав повторно да го откријам поради некои здравствени проблеми. Кога сето тоа ќе се среди, сфаќаш колку си среќен што си жив“, вели актерката која оттогаш е пред се посветена на децата.

Иако по разделбата со Бред ја поврзуваа со многу луѓе, таа никогаш не потврдила дека е во врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma