Ортопедите сега тврдат дека одржувањето цврсти коски помалку е поврзано со пиење литри млеко, а повеќе со избегнување храна и пијалоци кои можат да влијаат на густината на коските.
“Иако калциумот и витаминот Д се важни за одржување на здравјето на коските, надминувањето на препорачаните дневни дози може да има негативен ефект и да предизвика повеќе штета отколку добро. Потребите за калциум и витамин Д зависат од возраста, затоа проверете која е оптималната доза за вас.” вели Д-р Лиз Мекин за порталот „BuzzFeed“. Таа вели дека за луѓето над 50 години, препораките се 1.000 милиграми калциум дневно и 800 до 1.000 единици витамин Д дневно.
Ортопедите советуваат да ги избегнувате овие намирници за да го намалите ризикот од остеопороза:
Алкохол
Зголемената потрошувачка на алкохол може да ја промени способноста на телото да апсорбира важни хранливи материи кои се всушност корисни за здравјето на коските, како што се калциум, витамин Д и магнезиум.
Кофеин
Докажано е дека кофеинот ја зголемува загубата на калциум и ја намалува неговата апсорпција, што негативно влијае на здравјето на коските. Пијте кафе или чај без кофеин или, уште подобро, обична чаша вода.
Сол
Конзумирањето премногу сол може да доведе до губење на калциум од коските. Според студијата од 2018 година на Журналот на Американскиот колеџ за исхрана, зголемената потрошувачка на натриум значително го зголемува ризикот од остеопороза.