Есенскиот период го одбележаа каубојските чизми, па сосема логично е зимава да се на ред чизмите за јавање.
Рамен, удобен и елегантен стил кој брзо ќе стане омилено парче обувка.
Припиени и женствени, чизмите за јавање навистина можат да одат со секоја облека.
Со оглед на нивното потекло – коњичкиот спорт – кој се смета за елитен, тие ќе ја подигнат секоја облека на повисоко ниво.
View this post on Instagram
Бидејќи должината на овие чизми е малку под колената, тие се совршени за носење со, сега модерните, плетени фустани, мини здолништа и тесни панталони.
Во комбинација со долго палто и кратко здолниште оставаат впечаток на „тивок луксуз“.