Нејзините ќерки се во триесеттите години, а Ванг има 74 години и е во неверојатна форма.Само една фотографија на Вера Ванг и нејзините ќерки во соодветен божиќен стил беше доволна за да се сврти вниманието од традиционалните празнични собири и фотографии на Кардашијан.
Ванг, 74-годишната дизајнерка која стои зад некои од најпознатите холивудски венчаници, на Инстаграм го покажа празничниот изглед на своето семејство, за кој со денови се зборува.
Стуткана покрај нејзините ќерки, Сесилија Бекер (33) и Џозефин Бекер (30), Ванг носеше своја креација: долг, светкав тиркизен фустан, комплетиран со големи цветни детали на рамото.
Во склад со нивната мајка, сестрите Бекер носеа и фустани од Вера Ванг во иста живописна боја, иако нивните идентични тоалети беа покриени со светки.
Ванг стои и зад целиот накит што го носеа бидејќи доаѓа од нејзината колекција „Vera Wang Love“.
– Јас и моите девојки..!!! Многу сме среќни заедно…. – напиша Ванг.
Обожавателите беа воодушевени, а многумина напишаа дека и покрај децениската разлика меѓу нив, изгледа дека овие три жени се блиски по години.
„Изгледаш прекрасно“, „Наместо мајка и ќерки изгледате како три убави сестри“, „Толку убаво семејство“, беа само дел од позитивните коментари.
На почетокот на оваа година, Ванг ги сподели тајните за нејзината безвременска убавина: пиење вотка и јадење хамбургери од “Meka”, но и многу активности.
И јасно е дека Ванг го следи сопствениот совет. Покрај објавувањето на своите комбинации, модната легенда сподели уште неколку фотографии од нејзиниот стил.