Канје Вест повторно се најде на удар на критики поради серијата полуголи фотографии од неговата сопруга Бјанка Сенсори кои ги објави на Инстаграм.
Покрај нејзините провокативни изданија, раперот остави и бизарни пораки на својот официјален Инстаграм профил.
„Оваа година нема панталони“, напиша Канје Вест покрај фотографијата на Бјанка Сенсори која позира во ништо друго освен долна облека, а нејзините гради се покриени со крзно.
На останатите фотографии таа позираше во црн корсет и минијатурен горен дел на костим за капење. Канје стои до Бјанка „како нејзин макро“.
Необичната приказна и врска на Бјанка и Канје веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста и медиумите. Пријателите на Сенсори тврдат дека Канје го контролира секој дел од нејзиниот живот и ја тера да личи на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.
„Изгледа како да е од порно филм и се повеќе личи на Кардашијан“, „Копија на Ким Кардашијан“, „Ја третираш само како предмет“, „Зошто Бјанка повеќе личи на Ким Кардашијан отколку самата Ким?“, Ја претвори во поранешната“, „Се надевам дека твоите деца нема да го видат ова“, стои во коментарите.