ОВЕН
Работа: Ви претстои одличен ден за да завршите некои заостанати обврски и би можеле да остварите добра комуникација со сосема нови деловни соработници.
Љубов: Искористете го овој ден за излегување и дружење со пријателите. Можно е и ненадејно ново познанство.
Здравје: Метеоропатски реакции.
БИК
Работа: И денеска има многу комуникација пред Биковите, а можно е и почеток на нова соработка со странство.
Љубов: Обидете се да избегнете тензии и напнатост во партнерството, понекогаш не сме сите во наш елемент.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Вашите организациски способности, промисленост, практичност и рационалност, позитивниот пристап кон соработниците денес доаѓаат до израз.
Љубов: Доколку сте слободни ќе имате можност да уживате во флертувањето и новите познанства со многу интересни луѓе.
Здравје: Пазете се од настинки, респираторни инфекции.
РАК
Работа: Може да има некои пропусти од минатото, затоа не ги обвинувајте другите, избегнувајте недоразбирања и обидете се да ги исправите грешките.
Љубов: Познанството кое е иницирано преку деловниот сегмент сега има можност да се развие во нешто сериозно.
Здравје: Проверете ја работата на ендокриниот систем.
ЛАВ
Работа: Постои можност за воведување нови технологии и тоа ќе бара обука за вас и вашите соработници.
Љубов: Комуникацијата е на задоволително ниво, бидете поопуштени, и поминувајте што повеќе време заедно со партнерот.
Здравје: Можна главоболка.
ДЕВИЦА
Работа: Не избрзувајте со некои работи поради брзањето, ниту заборавајте на нешто што ви е важно.
Љубов: Од типичните претставници на ова соѕвездие се очекува да бидат во едно од нивните најсветли изданија, позитивни, весели и првенствено фокусирани на саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ВАГА
Работа: Полека влегувате во деловните текови, договарате некои нови проекти, се поврзувате со нови луѓе кои се појавуваат од различни страни, ви нудат нови можности.
Љубов: Сакате да бидете сами заедно, во домашна, пријатна средина. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
СКОРПИЈА
Работа: Некои разговори ќе ги завршите многу поуспешно отколку што се надевавте, особено ако се поврзани со договори на финансискиот дел.
Љубов: Оние кои се задоволни од постоечките емотивни врски ќе имаат реална шанса да не расипат ништо важно, а оние кои се слободни и желни за промени на љубовниот хоризонт може да очекуваат барем една интересна можност за конкретна акција.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Денес ви претстојат многу позитивни договори и преговори за да ги спроведете на релаксиран и неочекувано лесен начин.
Љубов: На љубовен план овој ден можеме да го наречеме најповолен за лесни, опуштени приказни, без големи ветувања и очекувања.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.