Потребно е:
4 јајца
100 гр шунка или колбас
2-3 кисели краставички
3 лажици мајонез
2 лажици сенф
сол
бибер
Подготовка:
Сварете ги јајцата, па пресечете ги на половина и извадете ги жолчките. Измешајте ги шунката, киселите краставички и жолчката, па зачинете сè со сенф и мајонез. Добро измешајте ја целата смеса за убаво да се соединат состојките. Наполнете ги јајцата со подготвената смеса и декорирајте по желба.