Овие чизми се популарни со години, па ретко која жена ги нема во колекцијата на обувки. Станува збор за познатите чизми до глужд со блок пета. Овој модел има многу недостатоци, а пред се ги менува пропорциите на телото, ги прави нозете визуелно пократки и подебели и тоа никако не е целта.
Ако ги имате во плакарот за чевли, фрлете ги: Овие чевли се тотално аут, стилистите велат дека одат во заборав.
Особено се проблематични ако ги комбинирате со шорцеви и фустани. Доколку инсистирате да ги задржите, тогаш најдобро би било да ги носите со најбараните панталони во сезоната, односно широк крој.
Исто така, избегнувајте ги чизмите до глужд со шпицаст врв бидејќи експертите велат дека тие се целосно надвор од мода.