Се исплати! Еве што се случува во телото кога после вечерата ќе прошетате 15 минути

popara6 јануари, 20241min00
73002_zena-shutterstock-2208413631_f

По оброкот, најдобро е да одите на кратка прошетка, а пешачењето ќе ви биде особено корисно после вечерата. Едно истражување покажа дека го спречува дијабетесот тип 2. Во истражувањето учествувале постари луѓе кои оделе на лента за трчање 15 минути после јадење, што резултирало со помали флуктуации на шеќерот во крвта во следните часови. Истражувањето покажа дека тие кратки прошетки по вечерата се уште покорисни за намалување на шеќерот во крвта отколку 45-минутната прошетка наутро или попладне.

Многу луѓе се прејадуваат навечер, кога ќе дојдат дома и ќе си легнат. Резултатот може да биде дебелина, но и големо зголемување на гликозата во крвта, кое може да трае со часови, забележува авторката на студијата, Лорета Дипиетро, ​​професорка на Американскиот универзитет „Џорџ Вашингтон“.

Што точно се случува во телото кога одиме после јадење?

Мускулите кои ги користиме за одење користат гликоза како енергија, па ја извлекуваат од крвта и на тој начин го намалуваат нејзиното ниво. Така, најдоброто нешто што можете да го направите по вечерата е да излезете и да прошетате, вели Ендрју Рејнолдс од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд.

Понатамошните истражувања покажаа и дека одењето после јадење го забрзува времето потребно храната од желудникот да стигне до тенкото црево, што може да го продолжи чувството на ситост после јадење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag