Како правилно се мијат стаклени чаши во МАШИНА ЗА САДОВИ? Спречете дамки и гребнатини со овој мал трик!

popara6 јануари, 20241min00
0e835b350f04e3334303508cbbd0d63343d92ea8

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе послужите пијалок во блескаво чисти чаши кои сјаат, а во исто време ништо погрдо од стаклени чаши со дамки од вода и бигор, оштетени и изгребани…

Како да ги миете стаклените чаши за да го зачуваат нивниот квалитет и блескав сјај?

За почеток, не мијте ги стаклените чаши во машина за миење садови, бидејќи со текот на времето тоа ќе го изгребе и оштети стаклото, а постои и ризик од оштетување од агресивен детергент. Подобро измијте ги на рака. Ако сепак одлучите да ги перете чашите во машина, правете го тоа понекогаш со задолжително оставање доволно простор меѓу чашите, за да нема триење и гребење на една чаша на друга, па дури и кршење на стаклото. Исто така, при перење во машина, користете пониска температура.

Ако ги миете чашите рачно, не користете груби сунѓери и абразиви за да избегнете гребнатини. Најдобро е да користите четка за миење чаши за вино. Измијте ги чашите со топла вода, никогаш не ладна или премногу топла. Внимавајте температурата на водата за перење и плакнење да биде приближно иста, бидејќи стаклото може да се скрши поради нагла промена на температурата.

Како и да ги миете, по миењето задолжително избришете ги со чиста памучна крпа без влакненца.

Како да ги отстраните дамките од чашите?

Некои пијалоци може да ја извалкаат чашата, правејќи ја заматена или обоена, особено црвеното вино. Ова лесно може да се реши со оцет.

Наполнете длабок сад до половина со вода и ставете го на шпорет да зоврие. Ставете шише дестилиран бел оцет во водата и оставете го да се загрее околу пет до десет минути. Истурете го топлиот оцет во чашите или наполнете пластичен сад со оцет и потоа потопете ги чашите во него. Оставете ги да останат потопени еден час.

После тоа, користете четка за стакло за да ги исчистите дамките кои обично се наоѓаат на дното. Исплакнете ги и исушете ги чашите како и обично.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag