Зендаја престана да го следи момчето на Инстаграм: Фановите загрижени, се прашуваат дали раскинале

popara7 јануари, 20244min00
73170_profimedia-0810274849_f

Зендаја, ѕвездата на серијата Еуфорија, има 184 милиони следбеници на Инстаграм, но од четврток не следи никого на социјалната мрежа, па дури ни нејзиното момче, актерот Том Холанд.

Актерката ја започна 2024 година со чистење на социјалните мрежи, отповикувајќи ги сите на страницата, вклучувајќи ги колегите, пријателите, дури и нејзиниот партнер. Иако допрва треба да го објасни потегот, 27-годишната актерка не беше многу активна на социјалните мрежи во последните месеци, а од септември немаше нова објава на нејзиниот X. На почетокот на оваа недела, таа на Инстаграм сподели постер за нејзиниот нов филм „Challengers“ со кратка порака за своите фанови.

„На сите им посакувам најдобра Нова година“, напиша Зендаја покрај постерот на филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Актерката на People во октомври 2021 година објави дека би сакала да се одмори од социјалните мрежи. „Тоа што сум на социјалните мрежи ме прави напната, знам дека тоа ме тера да мислам премногу. Моите обожаватели сакаат да бидам среќна и да постојам надвор од социјалните мрежи“, рече таа тогаш.

Момчето на актерката, Том Холанд, во август минатата година се огради од социјалните мрежи за да го заштити своето ментално здравје. „Инстаграм и Твитер ми се премногу стимулативни. Се збунувам и лудувам кога читам работи за себе на Интернет, а тоа е многу штетно за мојата ментална состојба, па решив да направам чекор назад и да ја избришам апликацијата“, рече тој во видеото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag