Киселини: 7 намирници кои ја гасат „огнената“ болка

popara8 јануари, 20241min00
62708992-banana

1. Чај од ѓумбир

Исчистената и исечкана грутка ѓумбир (со големина на палецот) сварете ја во вода, оставете ја да отстои десет минути, па испијте ја. Овој напиток е ефикасен против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините.

2. Банани

Ако чувствувате симптоми на горушица, јадете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па затоа го штити и смирува иритираниот стомак.

3. Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага да се неутрализираат киселините во желудникот. Направете смути со бадемово млеко, во кое задолжително додадете јагоди, банани и спанаќ.

4. Овесни снегулки

Вознемирениот стомак сака храна богата со диетални влакна како овесната каша. Започнете го утрото со сад со снегулки кои ќе ви дадат енергија за денот и ќе ја изгаснат секоја можна болка.

5. Анасон

Во топла вода ставете две лажици семе од анасон. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. Веќе нема да знаете за киселини.

6. Кефир и алое вера

Измешајте лажица сок од алое вера со кефир и јадете го за појадок. Ова е одлична комбинација што го смирува дигестивниот систем и исто така е доста вкусна.

7. Зелен лиснат зеленчук

Тешко е да погрешите со зеленчукот. Јадете колку што е можно повеќе зелен лиснат зеленчук, како што се брокула, аспарагус, целер и карфиол, кои имаат малку киселина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma