Добри причини за повеќе интимност! Еве зошто водењето љубов е добро за вашето здравје

popara9 јануари, 20241min00
Screenshot_9

Освен тоа што ви овозможува задоволство, секојдневниот сексуален однос добро влијае и на убавината и на здравјето. Доволно е само тоа што за 30 минути согорувате околу 85 калории.

 

 

 

 

За сексот често кажуваат дека е и природна шминка. Ако секој ден имате сексуален однос во траење од 15 минути, вашите образи ќе добијат природен сјај, усните нежно розова боја, а кожата ќе ви биде изедначена како никогаш претходно. Причина за тоа е зголемениот проток на крв кој на кожата и ги обезбедува сите неопходни состојки.

 

Освен тоа, сексот ќе го одложи стареењето. Ова веројатно е најдобар начин да го замените козметичкиот салон.

 

Редовниот секс ќе ви помогне да се чувствувате многу посигурно во своја кожа, но и да имате поголема самодоверба.

 

Подобро ќе спиете! Студиите покажуваат дека за време на сексуалниот однос се ослободува окситоцин, кој го подобрува квалитетот на сонот. А добриот сон го одржува крвниот притисок во нормала. Освен тоа, окситоцинот кој се ослободува може да ги намали физичките болки, без оглед дали се работи за главоболка или ПМС.

 

За време на физичките активности во креветот се ослободуваат природни масла кои ја хидрираат кожата. Овие состојки може да се најдат само во маслиновото масло, што значи дека се ретки и здрави.

 

Исто така, ускладеното дишење на двајцата партнери може да биде подобра стрес терапија отколку масажа или медитација.

 

Освен тоа што ќе изгледате подобро и помладо, сексот го подобрува и имунолошкиот систем. Оваа физичка активност е најдобра за заштита на срцето, го смалува ризикот од рак и депресија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag