Додека реакциите од доделувањето на Златните глобуси се уште не стивнуваат, холивудската ѕвезда Камерон Дијаз е загрижена само за гужвата на ски-лифтот. Ѕвездата, која се збогуваше со актерската кариера заради семејството во 2014 година, стана целосно незаинтересирана за филмската индустрија и за целата врева што ја опкружува. Таа е на скијање со семејството во Аспен, а видена е како облекува скијачки чизми и се упатува по скијачките патеки со нејзиниот сопруг, рокерот Бенџи Маден.
Парот ужива во сноуборд на снежните падини, а со нив не е видена нивната 4-годишна ќерка Редикс, па очигледно родителите си одвоиле еден ден за себе. А токму Редикс уште повеќе влијаееше на одлуката на актерката да ја остави кариерата зад себе. Пријателите блиски на парот велат дека таа толку многу ужива во мајчинството што не сака да се одвои од своето малечко ни за момент, а снимањето би ја оддалечило од семејството. Камерон Дијаз последниот филм го сними пред десет години, тој беше римејк на мјузиклот „Annie“ и ја изненади целата јавност со нејзината одлука да се повлече од актерската професија,практично на врвот на нејзината кариера.
Таа глумеше во „Ени“ покрај Џејми Фокс, кој минатата година успеа да ја убеди накратко да се врати пред камерите за заедно да ја снимат акционата комедија на Нетфликс „Враќање во акција“, која треба да се прикаже оваа година. Но, очигледно тоа било само кратко патување на убедување, бидејќи како што рекла, никогаш не помислила дека бракот и семејството ќе и бидат толку добри што повеќе нема ни да размислува за работа.
„Бракот беше најголемата работа што ја направив во моите 40-ти. Никогаш не мислев дека ќе се омажам додека не го запознав Маден. Тоа е прилично кул. Не мислев дека тоа е нешто што ќе го направам и не знам дали ќе го направев ако не го запознав сопругот. Сè друго е како сапуница,едноставно се мие“, рече таа на подкастот на SiriusXM.