Како влијае бракот на здравјето? Нова студија открива дека има поврзаност меѓу нашиот љубовен живот и долговечноста

popara10 јануари, 20241min00
72640_shutterstock-2103505478_f

Луѓето кои стапуваат во брак и остануваат во брак имаат подобро здравје од самците, но губењето на брачниот другар може да има сериозни здравствени последици, покажува новото истражување.

Бројни истражувања досега докажаа дека оженетите обично имаат подобро здравје од слободните, но неодамнешните истражувања покажаа дека здравствените придобивки од бракот сепак не се толку големи, пишува The Guardian.

Во една нова студија, истражувачите откриле дека средовечните и постарите оженети Американци имаат тенденција да го оценуваат своето здравје како подобро од нивните невенчани врсници. Тие исто така пријавиле помалку депресивни симптоми и ограничувања на подвижноста.

Од друга страна, разведените или вдовците се во значително полоша состојба од нивните врсници кои никогаш не биле во брак. Ова е особено видливо во бројот на пријавени хронични здравствени проблеми. „Луѓето кои биле во брак пријавиле, во просек, околу 20 отсто повеќе здравствени проблеми и околу 23 отсто повеќе ограничувања во подвижноста“, пишува Журналот за здравје и социјално однесување.

Се покажа дека повторниот брак ублажува некои од здравствените проблеми што се јавуваат по разводот или смртта на брачниот другар. Сепак, без разлика дали се нововенчани, овие мажи и жени се уште се во полоша здравствена состојба од оние во долгорочни бракови.

„Разводот или смртта се исклучително стресни, а ова високо ниво на стрес остава трајни здравствени последици“, истакнува Линда Џеј Вејт, професор по социологија на Универзитетот во Чикаго. Студијата опфатила 9.100 Американци на возраст над 50 години. Од испитаниците, 55 отсто биле континуирано во брак, 4 отсто никогаш не биле во брак, а останатите биле барем еднаш разведени или вдовици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag