Поради обврските, дамите често немаат време да ја измијат косата и да ја направат фризурата пред да одат на работа наутро. А потоа се будат и сфаќаат дека згрешиле затоа што не ја измиле претходната вечер.
За да не се нервирате наутро, секогаш има решение, само треба да го откриете.
Се што ви треба се два стегачи. Поделете ја косата на два дела – горен и долен.
Прицврстете го горниот дел од косата со шнола за прво да ја врзете опашката од долниот дел на косата. Од горниот дел на косата започнете со плетенка, но не од целата должина на косата, туку од средината. Кога ќе стигнете до половина од „опашката“, врзете со ластик. Повлечете го долниот дел од косата низ последната „дупка“ во плетенката.
Конечниот изглед на фризурата ќе ве воодушеви, а сето тоа ќе ви одземе само неколку минути. Можете дури и да ја подготвите додека го пиете утринското кафе.
Погледнете како тоа изгледа во видеото подолу.