За да го направите овој моќен ајурведски пијалок, потребни ви се само еден и пол литар вода и четири до пет сантиметри корен од ѓумбир.
Штом ќе станете, ставете огромно тенџере со вода на шпоретот. Варете ја водата околу дваесет минути, а потоа во тенџерето додадете парчиња сечкан ѓумбир. Добиената вода од ѓумбир се чува во големи термоси и се пие во текот на денот. Потребно е да пиете најмалку еден литар од пијалокот, кој всушност е разладен чај од ѓумбир, дневно.
Подгответе и пијте вода со ѓумбир секој ден шест месеци. Понесете ја со себе каде и да одите, на работа, на шопинг, на патување, на гости… Пијте го пијалокот во голтки во текот на денот.