Не поминаа незабележани: Бред Пит фатен со девојката во ретко заедничко излегување

popara17 јануари, 20241min00
f_31627979_1280

Иако се заедно повеќе од една година, Бред Пит се уште не планира на јавноста да ја претстави својата сакана, дизајнерката на накит Инес де Рамон. Нивните средби секогаш се далеку од очите на јавноста и ова е всушност првата долга врска на Бред по раскинувањето со Анџелина Џоли.

image

Деновиве Бред и Инес беа видени во Лос Анџелес како ја напуштаат галеријата Гагосијан, која ја промовира модерната и современата уметност, а каде за прв пат изложува неговиот пријател, режисерот Бенет Милер, со кој работеше на филмот „Moneyball“. По разгледувањето на изложбата, парот ја напушти галеријата низ гаражата, но овој пат не успеа да побегне незабележано. Всушност, не е јасно зошто актерот и дизајнерката сè уште не одлучиле јавно да се изјаснат како пар кога и неговата бивша сврте нова страница во нејзиниот живот.

image

Во секој случај, извори блиски до парот тврдат дека врската помеѓу Бред и Инес е силна и на „стабилни нозе“, но очигледно добро им оди токму вака, далеку од очите на јавноста и во кругот на нивните најинтимни пријатели.

image

Тие првпат беа видени во јавноста на концертот на U2 во Лос Анџелес на 15 ноември 2022 година, а потоа беа видени во друштво на Синди Крафорд, Ранди Гербер и Шон Пен. Уште тогаш можеше да се забележи дека од вчера не се заедно, а на почетокот на истата година дизајнерката тивко се разведе од актерот Пол Весли, со кој беше во брак три години. Дали причината била љубовната врска со Бред или подоцна се запознале не е познато, но нема сомнеж дека оттогаш се неразделни. Пред еден месец тие го прославија 60-тиот роденден на Бред во Париз, а често бегаат во Мексико на одмор.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma