Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер (76) е приведен на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил луксузен часовник на царинска контрола, објавија германските медиуми.
Билд објави фотографија на која се гледа Арнолд Шварценегер со двајца цариници. „Арни“ наводно бил задржан неколку часа на аеродромот во Минхен откако со авион слетал од Лос Анџелес.
Цариниците го препознале холивудскиот актер и без многу сомневање побарале да ги отвори торбите. Во чантата откриле вреден луксузен часовник од швајцарскиот производител „Audemars Piguet“, кој актерот не го пријавил.
Bild: Arnold Schwarzenegger was detained during a customs check at Munich airport because of an expensive Audemars Piguet wristwatch.
Schwarzenegger claims he was going to auction them off. pic.twitter.com/NoCEEGQy1t
— NEXTA (@nexta_tv) January 17, 2024
Според медиумите, станува збор за уникатна копија направена по мерка само за него, која требаше да биде продадена на аукција во Австрија, каде што се одржува Светскиот климатски самит.
Томас Мајстер (55), портпарол на главната царинарница во Минхен, за „Билд“ изјави дека против Шварценегер е отворена кривична даночна постапка, а часовникот требало да го пријави бидејќи е увозен.