Нова врска по разводот: Дали постои вистинско време за тоа?

popara21 јануари, 20241min00
506d07acae4ed2181673663b34b5c3ddcf634882

Во зависност од должината на бракот и можните компликации околу разводот, самата помисла за влегување во нова врска може да ја направи жената нервозна, исплашена и многу самокритична.

Ваквите чувства често ги тераат жените да се откажат од излегувањето и запознавањето нови луѓе. Но, секако, ако пристапите правилно, влегувањето во врска по разводот не мора да биде трауматично искуство.

1. Бидете подготвени

По разводот, не можете да одредите кога е вистинското време, а кога не за влегување во нова врска. Една од најлошите работи што една жена може да ја направи е да скокне во нова врска кога не е подготвена за таков потфат. Иако пријателите, па дури и семејството ве „масираат“ и буквално ви туркаат маж во прегратка, запомнете, само вие знаете кога е вистинското време повторно да се заљубите.

2. Успорете

Само затоа што сте почнале да излегувате и повторно да се гледате со некого, не значи дека треба веднаш да влезете во сериозна врска. Барањето на „нешто специјално“ кај некого откако штотуку сте почнале да го гледате не треба да ви биде приоритет. Забавете и прво запознајте го новиот партнер и на тој начин малку ќе се опуштите и ќе си ја вратите самодовербата.

3. Не барајте маж како вашиот поранешен сопруг

Во зависност од околностите на разводот, некои жени можеби бараат тип на маж како нивниот поранешен сопруг. Намерно или не, новиот партнер не треба да биде замена за поранешниот сопруг. Исто така, една од најголемите грешки што можете да ја направите е да продолжите да се враќате или да се задржувате предолго на темата за вашиот поранешен брак.

За многу луѓе влегувањето во нова врска по разводот е навистина голем чекор во животот. Иако самата помисла изгледа страшно, искуството да се биде во нова врска може да биде навистина пријатно. Клучот за повторно влегување во светот на слободните лежи во вашата подготвеност да продолжите понатаму и да ги оставите грдите спомени зад себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma