Ако очите ви солзат и ви ја уништуваат шминката, еден трик ќе го реши тоа веднаш: Жените на социјалните мрежи се благодарни за ова

popara22 јануари, 20241min00
ayaat-830x0

Понекогаш шминката може да одземе повеќе време од планираното или посакуваното, но ние даваме се од себе за да бидеме задоволни со конечните резултати.

Меѓутоа, како одминува денот, често се случува окото „непланирано“ да ни ја расипе работата и трудот, бидејќи од одредени причини почнува да солзи. Понекогаш тоа се случува веднаш кога се шминкаме, а понекогаш во текот на денот се гледаме во огледало и забележуваме дека моливот за очи се преселил на нашите образи.

Тој проблем го имала и една тиктокерка, @ayaatmishaal, која сподели трик што ѝ помогнал.

Имено, таа за само неколку секунди се ослободи од уништената шминка поради „ненадејни солзи“.

Како што напишала во текстот што го придружува видеото, ова е најдобриот трик што го научила од оваа платформа.

@ayaatmishaal

♬ original sound – メ𝟶

– Се што ви треба е да нанесете малку вазелин на стапче за уши. Потоа нанесете го во близина на аглите на очите, поточно таму каде што окото најмногу солзи – вели таа.

Сепак, треба да се внимава кога станува збор за вакви работи, бидејќи се работи за очите, па немојте да го нанесувате премногу блиску или внатре во окото, за да не дојде до иритацја. Таа тврди дека овој трик од само неколку секунди и ја „променил шминката“ и ја лишил од една досадна и непосакувана работа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma