Фармацевт открива три навики кои го зајакнуваат имунитетот до максимум

popara22 јануари, 20241min00
1677149395-christopher-campbell-kFCdfLbu6zA-unsplash-750x500

Респираторните заболувања во последно време се чест проблем, а фармацевтот открил неколку трикови како да ги избегнете.

Дали се чувствувате како постојано да сте болни? Што и да е во воздухот во моментот, се чини дека нема крај на болестите бидејќи штом преболите една, речиси веднаш сте погодени од друга.

Фармацевтот Навин Косли предупредува дека постојаните болести можат многу да влијаат на квалитетот на нашиот живот, како и на нашето ментално здравје.

Слаб имунолошки систем

Најголем проблем е слабиот имунитет, поради што сме склони кон чести болести. Некои луѓе имаат поголема предиспозиција полесно да добиваат инфекции, а тоа може да биде поврзано со вашата околина.

Наставниците од основните училишта се повеќе склони кон респираторни вируси бидејќи се изложени на поголемо микробно оптоварување поради луѓето и децата околу нив.

Постојат неколку начини на кои можете да го зајакнете вашиот имунитет, а тие се толку едноставни што можете да започнете со нив уште денес.

Намалете го внесот на преработена храна

Ако производот е модифициран до тој степен да биде непрепознатлив, тоа значи дека не е добар за вас и најдобро би било да се држите настрана од него. Од време на време можете да се почестите, но основата на вашата исхрана треба да биде исполнета со природни состојки како зеленчук, овошје, мешунки, житарки и јаткасти плодови.

„Изберете ги оние богати со витамин Ц, како што се цитрусите и протеините кои можат да се најдат во месото и млечните производи“, советува фармацевтот Навин Хосли.

Вежбајте редовно

Редовното вежбање ќе го зајакне вашиот имунолошки систем, па не би било лошо да го внесете во вашето секојдневие. Тоа е корисно дури и ако се работи за само пет минути вежба.

Протокот на крв и хормоните на среќата се важни и за физичкото и за менталното здравје, а исто така е важно да се запамети дека вежбањето не мора да биде напорна работа што ќе ве одбива од старт.

Најдете нешто што сакате да го правите. Без разлика дали станува збор за танцување, шетање со вашето куче или само редовен тренинг во теретана.

Намалете го стресот

Треба сериозно да ја разгледате количината на стрес што го имате бидејќи неговото намалување ќе направи чуда кога станува збор за зајакнување на вашиот имунитет.

„Можете да го намалите стресот со медитација, правење паузи, ангажирање во пријатни активности, поминување време со вашите најблиски и многу повеќе“, изјави фармацевтот Навин Хосли за Metro.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma