Уште лоши вести за кралското семејство: Тешка дијагноза за војвотката од Јорк

popara22 јануари, 20241min00
THE PERFECT WORLD FOUNDATION AWARD

Сара Фергусон деновиве минува низ најтешките времиња откако и беше дијагностициран рак на кожата. На војвотката од Јорк и поранешната сопруга на принцот Ендру дерматолозите ѝ извадиле бенка од телото и ја испратиле на тестирање, а потоа дошле наодите кои никој не сака да ги добие.

На војвотката Сара Фергусон ѝ бил дијагностициран малигнен меланом, најмалигната форма на рак на кожата, само неколку месеци откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка во јуни 2023 година.

„Откако ѝ беше дијагностицирана рана форма на рак на дојка ова лето, на Сара, војвотката од Јорк, сега ѝ беше дијагностициран малигнен меланом. Нејзиниот дерматолог побарал да се отстранат неколку бенки и да се анализираат во исто време кога војвотката беше подложена на реконструктивна операција по мастектомија, а една од нив беше идентификувана како канцероген“, потврди нејзиниот портпарол за јавноста.

Како што рекол, дијагнозата ја вознемирила, но се труди да остане расположена.

Во борбата за живот најголема поддршка ѝ се ќерките, принцезата Евгенија и принцезата Беатрис, како и нејзиниот поранешен сопруг, принцот Ендру, со кој сè уште го дели својот животен простор, иако се разведени веќе долго време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag