Се ожени главниот глумец од „How I Met Your Mother“: Тед Мозби го кажа судбоносното „да“ на 50 години

popara23 јануари, 20244min00
intro-1600275746-830x0

Актерот Џош Раднор, најпознат по улогата на Тед Мозби во ситкомот „How I Met Your Mother“, се ожени на 50-годишна возраст.

Тој ја сподели радосната вест на својот Инстаграм, а венчавката се одржала надвор во снежна бура.

– Се оженив! Пред две недели. Во слаба снежна бура. Беше тоа неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на луѓето што ги сакам што дојдоа во Cedar Lakes за да бидат со нас. Но, најмногу ѝ благодарам на Џордан… – напиша тој.

Џордан Џејкобс, сопругата на Џош, по професија е психолог, пишува „NY Times“, а актерот ја запознал за време на звучна терапија со медитација. Џош еднаш откри дека од самиот почеток знаел дека Џордан ќе му биде сопруга.

– Штом ја видов, знаев. Си помислив: „тоа е таа, тоа е твојата жена“ – вели тој во интервју за споменатиот медиум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Radnor (@joshradnor)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag