Сепак ништо од третата сезона: По две сезони се гаси комедијата „The Flight Attendant“

popara24 јануари, 20241min00
o_31975267_1280

Серијата „The Flight Attendant“ нема да добие трета сезона, пишува магазинот Variety. „Му благодарам на одличниот тим со кој успеавме да направиме две успешни сезони. Улогата на Кеси беше остварување на сонот и благодарна сум на сите што работеа на оваа серија“, изјави актерката Кејли Куоко.

Серијата имаше премиера на стриминг платформата HBO Max во 2020 година, додека втората сезона ја виде светлината на денот во 2022 година. „The Flight Attendant“ беше инспирирана од истоимениот роман на Крис Бохјалијан, а критичарите особено ја пофалија изведбата на 38-годишната актерка, која беше номинирана за Златен глобус и Еми во категоријата најдобра актерка во комедија.

Првата сезона од серијата го следи заплетот на романот во кој ја запознаваме стјуардесата Кеси Боуден, чиј живот одеднаш станува комплициран. Имено, Кеси се буди покрај мртов човек кој бил со неа на летот и секако не се сеќава на ништо, па мисли дека можеби го убила. Покрај сето ова, Боуден се бори и со зависноста од алкохол. Втората сезона ја прикажува Кеси како информатор на ЦИА задолжен да ги надгледува луѓето меѓу летовите. Овој пат таа се ослободила од зависноста и живее убав живот додека повторно не се впушти во меѓународна интрига откако случајно е сведок на убиство.

Покрај Кејли, која ја сакавме во хумористичната серија „The Big Bang Theory“, во серијата глумеа Рози Перез, Зосија Мамет, Грифин Метјуз, Дениз Акдениз, Т.Р. Најт, Јаша Џексон и Одри Грејс Маршал. Двете сезони од хумористичната серија се достапни на платформата за стриминг HBO Max.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag